НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ: Одлуката на СЈО за Пуч е скандалозна и политичка

0
By Нова ТВ on January 20, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на вчерашната седница ја оцени како „скандалозна“ одлуката на СЈО за повлекување на случајот Пуч, со која како што се наведува во денешното соопштение, „Зоран Заев по втор пат избегнува кривична одговорност за криминалот во кој што е фатен“.

– Врз основа на изнесените правни аргументи, беше оценето дека станува збор за срамна одлука со која што СЈО наместо орган кој што гони криминал се промовираше себе во партиски орган на СДСМ чија основна задача е да го штити криминалот на Заев и злосторничкото здружение формирано околу него. Оваа одлука претставува и еден вид на преседан бидејќи експертската јавност не памети во правната пракса во Република Македонија, некој Јавен обвинител да се откаже од застапување на обвинението во оваа фаза на постапката, кога обвинителниот акт е правосилен и потврден од совет на судии. Со партиската одлука на Катица Јанева се дерогира и претходната судска пресуда изречена по признание на еден од пленовите на злосторничкото здружение на Заев и Верушевски.

Политичката одлука на Катица Јанева е најдобра потврда дека Заев и Верушевски се фатени во криминал и дека органите на истрагата го поткрепиле случајот со цврсти и несоборливи докази. Во спротивност немаше да постои причина Катица Јанева по втор пат да го спасува Зоран Заев од кривична одговорност. Катица Јанева само потврди дека е инструмент на СДСМ/Сорос.

Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како Зоран Заев ќе одговараат пред судовите и кога нема да постојат разни Катици и СЈО-а за да ги спасуваат. Ќе има правда и ќе има мир бидејќи народот ги прочита платениците на СДСМ/Сорос кои молчат и се кријат после втората аболиција на криминалецот Заев.

Правдата пред македонските институции ќе го стигне Заев и неговото злосторничко здружение, порано или подоцна. Тие мора и ќе одговараат за се што и сторија на Република Македонија и македонскиот народ.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува институциите да работат согласно Уставот и законите и да не дозволат сторениот криминал да минува неказнето. Зоран Заев не е, ниту смее да биде привилегиран и над останатите граѓани, се вели во соопштението за вчерашната седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Во соопштението се додава дека Извршниот комитет ја разгледал и актуелната дневно политичка состојба во контекст на преговорите за формирање Влада и ја реафирмирал поддршката за лидерот Никола Груевски да продолжи со активностите во таа насока, бидејќи како што с енаведува „волјата на граѓаните е императив“.

ВМРО-ДПМНЕ пуч СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.