Во Виена е уапсен Албанец, радикален исламист, за кој се смета дека планирал терористички напад. Тој е фатен благодарение на пријателската помош на една „пријателска обавештајна служба“, соопшти австриската полиција.
Според весникот Кронен Цајтнуг, тој бил следен за цело време од кога пристигнал во Австрија.
Специјалните единици „Кобра“ го упасиле во виенскиот кварт 10, а според медиумите полицијата добила информации за радикална група на албански исламисти кои планирале терористички напад во Виена меѓу 15 и 30 јануари.
Уапсениот наводно, уште во Германија направил експолозивна направа со која сакал да предизвика крвопролевање во Виена.
Портапролот на полицијата Томас Кајблингер соопшти дека осомничениот е упасен нешто после 18 часот вечерва.
„Во текот на изминатите денови имавме повеќе информации за планиран напад во главниот град“, изјави Кајблингер.
Странски служби ги информирале австриските колеги за можен терористички напад, по што тој е следен и упасен во еден стан во Виена.
Во исто време, полицијата издала соопштение на граѓаните да бидат внимателни на местата каде што постои поголема фрекфенција од луѓе, а кога ќе забелажат напуштен предмет веднаш да ја известат полицијата.