По Али Ахмети и Зоран Заев му честиташе на Доналд Трамп за претседателското место.
Неговата партија СДСМ соопшти дека нивниот претседател Заев му напишал честитка на Трамп како претседател на најголемиот стратешки партнер на Македонија:
„Ви ја честитам инаугурацијата за претседател на САД, големиот стратешки пријател на нашата држава, Република Македонија, во име на Социјалдемократскиот сојуз и во мое име.
За граѓаните на Македонија од огромно значење е придонесот на САД во развојот на демократските процеси и почитувањето на човековите слободи и права во земјава.
Исто така од големо значење е поддршката на САД за безбедноста на Република Македонија и целиот регион.
Иднината на Македонија како држава е во НАТО и Европската унија и се надевам дека САД ќе продолжи со политиките на поддршка на евро-атлантските интеграции.
Се заблагодаруваме на континуираната успешна соработка што во тој дух ја има нашата земја со САД и се надеваме дека така ќе продолжи и во иднина“, му напиша Заев на Трамп.