НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО и САД се согласија дека алијансата е трајна вредност

0
By Нова ТВ on January 24, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да не постеше НАТО ќе моравме да го направиме. Ова се зборовите на новиот министер за одбрана на САД Џејмс Метис за време на неговиот настап пред Сенатот пред неколку дена.

Оваа реторика на новиот шеф на одбраната на САД се потврди и со телефонскиот повик на Метис до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во понеделникот.

На првиот работен ден на оваа функција Метис крена телефон за да разговара со шефот на НАТО како гест на добра волја кој треба да го смири незадоволството во Европа по изјавите на Доналд Трамп дека НАТО е застарена организација.

За време на изборната кампања Трамп често го доведуваше во прашање учеството на САД во НАТО поради фактот што многу земји членки на алијансата почиваат на САД и не се доволно финансиски ангажирани во организацијата за колективна одбрана.

Метис, кој е генерал во пензија, имаше сосема друг тон во разговорот со Столненберг ако може да се цени по соопштението на НАТО по разговорот.

Столтенберг му честитал на Метис за именувањето и двајцата се согласиле околу “фундаменталната и трајна вредност на НАТО за безбедноста на Европа и Северна Америка”. Тие разговарале и за начинот како да се натераат сојузниците да трошат повеќе за безбедност и како да се зајакне борбата против тероризмот.

“Имав одличен разговор со секретарот Метис денес – тој е силен пријател на НАТО во Пентагон. Секретарот Метис ги знае вредностите на алијансата бидејќи бил врховен командант за трансформација на НАТО. Ја очекувам можноста да му посакам добредојде назад во семејството на НАТО и да го видам на следниот состанок на министрите за одбрана во февруари”, соопшти првиот човек на алијансата.

Јенс Столтенберг НАТО САД Џејмс Метис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.