Денешното отворање на новите истраги се уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното, политичко постапување на СЈО, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на новите истраги на СЈО, „Тенк“ и „Тарифа“.
„Наместо да одговори на овие прашања, Катица Јанева само потврдува дека сите нејзини досегашни активности се насочени во заштита на криминалот на Зоран Заев и политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е уште еден дефокус на Катица Јанева од срамната одлука за повлекување од предметот ‘Пуч’“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата не искоментираа за случаите кои денеска ги отвори СЈО.
„Катица Јанева го загуби професионалниот кредибилитет во замена за улогата на политички инструмент на Зоран Заев“, велат од партијата.