Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сценариото на Трамп: Ќе ја објави изградбата на ѕидот со Мексико

0
By Нова ТВ on January 25, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 25, 2017 09:31

Американскиот претседател навести дека денеска би можел да го исполни главното ветување од кампањата – изградба на ѕид на границата со Мексико.

Ова е една од извршните наредби кои од Белата куќа ги најавија за наредните денови.

– Во план е голем ден за националната безбедност. Меѓу останатите работи, ќе изградиме и ѕид, ибјави Трамп синоќа на Твитер.

Изградбата на ѕидот долг 3.218 километри беше едно до главните верувања од кампањата.

Њујорк Тајмс објави дека Трамп оваа недела би можел да нареди и забрана за издавање визи на лица од Сирија и други исламски земји кои, се „склони кон тероризам“.

Ограничувањата во однос на имиграцијата ќе се однесуваат како што се очекува на седум африкански и блискоисточни земји, вклучувајќи ги Сирија, Јемен и Ирак.

Трамп наводно се уште ги разгледува плановите за ограничување на доаѓање бегалци во САД. Сегашниот предлог предвидува најмалку четиримесечен прекин на прифаќање на бегалци, како и привремена забрана за граѓани од мнозиско муслиманските земји.

Трамп во кампањата говореше дека ќе ја заостри американската емиграциона политка, вклучувајќи и јакнење на граничната безбедност и запирање на приливот на бегалци.

Тој исто така се залагаше за запирање на влезот на државјани од муслиманските земји во САД, но подоцна го смени ставот и рече дека ќе се концентрира на контрола на оние кои доаѓаат од земјите поврзани со тероризам.

Се очекува меѓу другото да ги најави плановите за намалување на финансиите за градовите кои не ги апсат или не ги притвораат мигрантите кои живеат илегано во САД.

Дописникот на Би Би Си од Вашингтон пишува дека овие мерки веројатно ќе предизвикаат остри реакции кај хуманитарните организации и организациите за имиграција.

Огромен број одлуки за неколку дена

За само неколку дена, новиот претседател на САД донесе дури 20 важни одлуки, на тој начин почнувајќи да ги исполнува предизборните веувања.

– По преземањето на федералната влада, администрацијата на Трамп предаде указа против Законот за здравствено осигурување (познат како Обамакеар),

– Им нареди на агенциите да ги замрзнат новите прописи, за неговата администрација да ги прегледа,

-Доби зелено светло од Министерството за правда за неговито зет Џаред Кушнер да ја преземе улогата специјален советник во Белата куќа,

-Ги отповика сите амбасадори кои беа именувани од страна на администрацијата на Обама,

-Се сретна со вработените во ЦИА и ги презеде нуклеарните кодови,

-Разговараше со мексиканскиот претседател и најави нивна скорешна средба,

-Разговараше со канадскиот премиер за економските односи на двете земји,

-Најави нови преговори за НАФТА и го повлече учеството на САД во Транспацифичкиот договор,

-Најави прва средба со некој странски лидер, бритаската премиерка Тереза Меј в петок,

-Почна разговори за преместување на американските амбасади во Израел, од Тел Авив во Ерусалим,

-Се соочи со првата државна катастрофа како претседател, бурите и ураганите во Џорџија,

-Им нареди во Државниот парк сервис да престанат да објавуваат на Твитер, откако ја реобјавија фотографијата со споредба на инаугурацијата на Трамп и Обама,

-Ги подигна тензиите во Ирак откако изрази жалење што не ја презеле нафтата во оваа држава, изјавувајќи во ЦИА: „Требаше да ја преземеме нафтата. Можеби ќе имаме втора шанса“.

ѕид Мексико Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.