Претседателот на САД Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун предизвикаа големо внимание во Хонг Конг со состанокот на сред улица пред голем број луѓе.
Всушност двајца имитатори на светските лидери, кои за себе велат дека се политички сатиричари се состанаа пред конзулатот на САД и позираа пред многу бројните граѓани.
Ким Јонг Ун е идентификуван како граѓанин на Хонг Конг, додека новиот претседател на САД, како Денис од Чикаго.
Тие велат дека се состанале за да снимаат спот за песна на групата Боса Негра, но и дека по пат ги решиле прашањата за несогласувањата меѓу двете земји.
„Му се восхитувам на Трамп, ќе биде најголем лидер на Америка. Мислам дека можеме да имаме мир со САД додека е тој претседател“, рече Ким.
https://www.youtube.com/watch?v=yepYFoYTt1E
„Ќе ја претвори САД во Северна Кореја, ќе бидеме супер пријатели, јас, тој, и Путин“, додаде Ким.
За тоа време новиот претседател на САД одговори на прашање на новинарите, што мисли за медиумите.
„Лажни вести, се се тоа лажни вести“, рече Трамп, алудирајќи на првото обраќање на претседателот на САД на првото обраќање пред новинарите на CNN.
„Што имате слично со Ким?“, го прашаа.
„Имаме ист вкус за фризури“, рече Трамп.