Стејт департментот на својата фејсбук страница ги предупреди своите граѓани на потенцијална опасност во близина на владата на Македонија.
„Американската амбасада во Скопје ги предупредува своите граѓани да избегнуваат да се движат во близина на објектот на владата на Македонија, која се наоѓа на булеварот Илинден. Министерството за внатрешни работи предупредува дека постојат можности за инциденти во таа област, напишаа од Стејт департментот“.
Од МВР неофицијално дознаваме дека имало некаков инцидент, но оттаму велат дека со официјален став ќе излезат за половина час. Во центарот на главниот град како и во Скопската чаршија присутно е големо полициско обезбедување, но засега нема повеќе официјални информации за инцидентот.
Дел од провладините медиуми објавија дека наводно алкохолизирано лице се заканувало дека ќе ја гранатира Владата, по што полицијата утврдила дека се работи за лажна дојава.