Норвешка и Франција ќе играат во финалето на Светското првенство во ракомет. Норвежаните по голема драма и во продолженија ја совладаа Хрватска со 28:25 по нерешените 22:22 во основните 60 минути.
„Коцкестите“, сепак, имаат за што да жалат. Финалето го пропуштија во, буквално, последната минута од средбата кога Златко Хорват не реализираа од седум метри за победа, па гледачите во преполната „Берси“ добија прилика да гледаат екстра ракомет. Хрватска во првото продолжение имаше и два гола предност, но Норвежаните задржаа ладна глава, беа посмирени и поконцентрирани и во второто направија целосен пресврт за конечен триумф.

Најефикасен во победничката репрезентација беше Бјарте Мирхол со шест гола, Кристијан Бјорнсен постигна пет. Шест погодоци за Хрватите даде Златко Хорват, еден повеќе од Марко Мамиќ, херојот на „коцкестите“ од четвртфиналниот дуел со Шпанија.
Франција во првото полуфинале беше подобра од Словенија со 31:25.
Мечот за бронзениот медал меѓу Хрватска и Словенија е во сабота со почеток во 20,45 ч. Ден подоцна (17,30 ч.) Франција против Норвешка во обид да ја одбрани титулата од Катар.
СП во ракомет
Полуфинале
Хрватска – Норвешка 25:28 – по продолженија (мечот во основните 60 минути заврши 22:22)
Франција – Словенија 31:35
За трето место: Словенија – Хрватска (сабота, 20,45 ч.)
Финале: Норвешка – Франција (недела, 17,30 ч.)