Кошаркарите на МЗТ Скопје ја остварија шестата победа во АБА лигата. Македонскиот шампион на домашен терен ја совлада Мега Лекс со 75:74 (по четвртини: 23:21, 21:13, 24:22, 7:18) во меч понуди вистинска драма во финишот.
„Металците“ се соочија со нов пораз што, сепак, го избегнаа благодарение на немирната рака на Влатко Чанчар. Гостинскиот играч го промаши нападот за победа на српската еккипа и бодовите останаа во СЦ „Јане Сандански“. И МЗТ Скопје и Мега Лекс имаат ист биланс (6 победи и 14 порази) по 20 одиграни средби во јадранската кошаркарска конкуренција.
Домашните имаа одлична предност на почетокот на последниот период во кој влегоа со плус 14 (71:57). Но, тимот од Сремска Митровица успеа да се врати во игра, убедливо да ја добие завршната четвртина и да ја загрози радоста на играчите на МЗТ Скопје за чија среќа на крајот останаа со половина кош повеќе од противникот.
Џош Скот одигра уште еден одличен настап за македонскиот првак и против Мега Лекс забележа дабл-дабл ефект (17 поени, 12 скока). Најголемата поддршка во нападот ја доби од Шарлон Клоф (15 коша), Ѓорѓе Дреновац постигна 12. Најефикасен во поразниот тим беше Радосав Спасоевиќ со 14 поени.