НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Словенија со голем пресврт до бронза

0
By Нова ТВ on January 28, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Словенија го освои првиот медал на Светските ракометни првенства. Селекцијата што ја предводи Веселин Вујовиќ се закити со бронза на турнирот во Франција по драматичниот триумф над Хрватска со 31:30 (13:18) во малото финале.

„Коцкестите“ на тој начин доживеаја втор шокантен пораз во само 24 часа. По оној од Норвешка во полуфиналето, вечерва мораа да подадат рака на соседите и покрај плус 5 на полувреме и покрај седум гола позитива во 39 минута (22:15), во 40 минута (23:16), во 41 минута (24:17), во 42 минута (25:18), во 44 минута (26:19).

Но, Словенците не застанаа, не загубија верба. Наместо тоа, покажаа карактер и почнаа да ја топат негативата. Минута по минута, гол по гол направија серија од 13:5 и стигнаа до реми во 57 минута (29:29) со голот на Цингесар, а во 60 и поведоа со 31:30 преку Мацковшек што успеаја да го одржат до крај.

Маргуч, Цингесар и Безјак постигнаа по четири гола за Словенија, Хрватот Лука Циндриќ со седум погодоци беше најефикасен на средбата.

Утре попладне (17,30 ч.) во големото финале во „Берси“ во Париз ќе играат Франција и Норвешка.

Мало финале Словенија СП во ракомет Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.