Германската канцеларка Ангела Меркел остро регираше на забраната за влез на бегалците и граѓаните на неколку муслимански земји во САД, која ја донесе новиот претседател на САД Доналд Трамп.
„Германската канцеларка е уверена дека ни одлучната борба против тероризмот не го оправдува чинот на ставање на граѓани од одредени земји или вери под колективна сомнителност“, порача портпаролот на германската влада.
Тој изјави дека германската влада ќе ги преиспита тие чекори, со оглед на последниците кои најновата одлука од Вашингтон би можела да има по германските државјани кои поседуваат и државјанство на некоја од земјите погодени со новата мерка за забрана за влез во САД.
Портпаролот Стефан Сеиберт рече дека Меркел во текот на вчерашниот разговор со Трамп изразила жалење поради воведената забрана.
Од забраната погодени се многу германски државјани кои истовремено се и државјани на земјите кои не им даваат испис од своите книги на државјанство како Иран.
Поради забраната за влез во САД е погоден и политичарот на Зелената партија и потпретседателот на германско – американската парламентарна коалиција, Омид Ноурипор, кој е роден како државјанин на Иран.
Сеиберт во изјавата укажа и на тоа дека Женевската конвенција за бегалците налага засолниште на бегалците од хуманитарни причини.
„Сите земји потписнички се обврзани да се држат до оваа конвенција, а тоа канцеларката Меркел го истакна во текот на разговорот со Доналд Трамп“, изјави портпаролот.