Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет: Кире Лазаров со најмногу голови од најмалку мечеви

0
By Нова ТВ on January 29, 2017 СПОРТ
Фото: francehandball2017.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 29, 2017 20:01

Заврши 25. Светско првенство во ракомет што го организираше Франција под слоганот „Фенаменал“. Заврши и распределбата на медалите. Златото го освои домашната репрезентација предводена од Дидие Динар, среброто ѝ припадна на Норвешка, тимот што ја елиминира Македонија во осминафиналето, бронзата ја понесоа Словенците. Селекцијата на Македонија е 15-та во конечниот пласман што беше во рамки и на реалните можности и очекувања.

Но, затоа Македонија го има најдобриот голгетер на првенството. Кире Лазаров замина од Франција како лидер на листата со 50 гола од 81 шут во шест одиграни натпревари, а на врвот остана и по големото финале.

Најмногу постигна против Тунис, во првото коло, 12, двоцифрен (10) беше и против Ангола, против Словенија реализира девет, со шест го заврши дуелот со Шпанија, седум запиша во ремито со Исланд и шест против Норвешка во нокаут фазата.

Ова е трет голем турнир на кој македонскиот капитен е најдобар стрелец. Првиот беше на СП 2009 во Хрватска каде постигна 92 гола во девет меча, на Европското првенство во Србија во 2012 година на кое 61 пат ги тресеше противничките мрежи во седум средби.

Втор на листата на СП во Франција, со 47 погодоци од 88 обиди, е Серџо Авелино Лопез од Ангола, трет е Тунижанецот Амин Банур со 45 од 84 упатени шутеви. Двајцата одиграа меч повеќе на шампионатот од македонскиот капитен.

Листа на стрелци на СП 2017 во ракомет

Кире Лазаров (Македонија) 50 гола

Серџо Авелино Лопез (Ангола) 47

Амин Банур (Тунис) 45

Кристијан Бјорнсен (Норвешка) 45

Никлас Екберг (Шведска) 43

Бјарте Мирол (Норвешка) 42

Сандер Сагосен (Норвешка) 41

Лука Циндриќ (Хрватска) 39

Федерико Фернандез (Аргентина) 39

Габор Сажар (Унгарија) 38, итн.

Кире Лазаров Листа на стрелци СП во ракомет Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.