Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасада на САД: Што имавме, кажавме

2
By Нова ТВ on February 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 1, 2017 12:11

„Немаме ништо повеќе да додадеме на она што веќе го кажавме“, ова е одговорот на Американската амбасада во Македонија откако НОВАТВ праша кој е нивниот одговор на прашањето на ВМРО-ДПМНЕ јавно да одговори дали е против идејата на партијата за нови избори.

Амбасадата на САД во понеделникот, ден по неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ да формира влада, соопшти дека го набљудува процесот на формирање влада и ги повика партиите да продолжат со разговорите за формирање нова влада.

„Очекуваме да работиме со македонската влада, кога ќе се формира, за напредување во евроатланската интеграција преку спроведување на реформите предвидени со Договорот од Пржино, особено во однос на владеење на правото“, велат од Амбасадата на прашањето како ги коментираат последните случувања и неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се договорат и да формираат влада.

 

Вчера ВМРО-ДПМНЕ побара од Амбасадата, јавно да каже дали е против идејата на партијата да се одржат нови избори.

Еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ јавно се произнесе дека ситуацијата во Македонија е зрела за нови избори, Амбасадата на САД во одговор на новинарско прашање ги повика партиите да ги продолжат разговорите за формирање на нова Влада. ВМРО-ДПМНЕ бара појаснување дали нивната позиција значи дека САД сугерираат и бараат од Република Македонија и од партиите во парламентот да нема нови предвремени парламентарни избори и дали овој повик може да се толкува како официјален став на новата администрација во САД, се вели меѓу другото во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако не успеа да формира влада, партијата вечерта во неделата побара нови избори бидејќи, според нив, штом тие не успеале како партија со најмногу пратеници да формираат мнозинство, тогаш не би требало други партии тоа да можат да го направат.

ВМРО-ДПМНЕ избори САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

ВЕСТИ August 1, 2026

Девет луѓе загинаа во нов ноќен напад со балистички ракети врз Киев, додека Русија ги…

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.