Јавната обвинителка Ленче Ристоска ги демантира тенденциозните пишувања на медиумите „Курир“, „Република“, „Вечер“ како и порталите „markukule“,„puls24.mk“, „netpress.com.mk“ дека минатата вечер се сретнала со лидерот на СДСМ, Зоран Заев и дека добивала инструкции.
– Ве известувам дека мојата адреса на живеење не е на ул.Алберт Ајншајн во Скопје и дека информациите за моја наводна средба со лидерот на политичката партија СДСМ, истакнати во медиумите „Курир“, „Република“, „Вечер“, како и на порталите „markukule“, „puls24.mk“, „netpress.com.mk“ се невистинити во целост, информира Ристоска.
Бидејќи како засегната во пишувањата, воопшто не била прашана пред да се објави информацијата, таа бара јавно извинување од овие медиуми и портали, со оглед на фактот дека со објавувањето на неточните информации и нанесуваат штета на угледот.
– Воедно укажувам дека согласно законските прописи објавата на демантот е задолжителна, стои во соопштението од Ристоска.
Овие медиуми по принцип на копирање на истата содржина, вчера објавија за наводна средба на специјалната обвинителка со Заев.
[Best_Wordpress_Gallery id=”5″ gal_title=”ФОТОГАЛЕРИЈА: Пренесени вести”]