Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Саркози се соочува со судење за злоупотреба на пари во изборна кампања

0
By Нова ТВ on February 7, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 7, 2017 12:51

Судија во Франција издаде наредба да му се суди на поранешниот претседател Никола Саркози за нелегално финансирање на изборна кампања.

Саркози се соочува со обвинение дека неговата партија фалсификувала документи во обид да сокрие 18 милиони евра кои биле потрошени во кампањата во 2012 година. Поранешниот претседател на Франција постојано негираше дека бил свесен за прекумерното трошење.

Тој на изборите во 2012 година изгуби од Франсоа Оланд и не успеа во својот обид да се кандидира повторно на претстојните претседателски избори оваа година.

Со какви обвиненија се соочува Саркози?

Случајот е познат како Бигмалион скандал. Партијата на Саркози, заедно со една ПР агенција, ги сокриле вистинските трошоци за претседателската кампања во 2012 година.

Франција има законски дозволен лимит на трошење во кампањата, и наводно фирмата „Бигмалион“ дала пари на партијата на Саркози наместо во кампањата, дозволувајќи и на УМП да го надмине дозволениот лимит.

Вработените во „Бигмалион“ признаа дека биле запознаени со измамата и неколку членови на УМП веќе се соочуваат со обвиненија. Судскиот случај на Саркози се очекува да се фокусира на тоа дали поранешниот лидер бил свесен за наводната измама.

Тринаесет други луѓе, исто така, се очекува да излезат пред суд.

Сепак, судски извори велат дека можно е да има жалба против наредбата на судијата за процес, бидејќи таа беше направена од еден од двајцата судии што го водат случајот.

И Фијон и Ле Пен под истрага за злоупотреба на државни пари

Ваквиот развој резултира откако и други француски политичари се соочија со прашања во однос на нивните финансиски зделки.

Франсоа Фијон, кој го победи Саркози во битката за претседател на  централно-десничарската партија е обвинет за злоупотреба на јавни  средства за вработување на неговата сопруга и двете деца.

Во меѓувреме, Европскиот парламент бара десничарскиот лидер Марин Ле Пен, да и ги врати на Франција парите од државниот буџет, со кои ги плаќала нејзините  помошници во седиштето на партијата Национален фронт во Париз.

Саркози е вториот француски претседател кој треба да биде изведен пред суд од 1958 година, кога е формирана сегашната француска република.

Поранешниот лидер на Жак Ширак доби две години условна затворска казна во 2011 година за пренасочување на јавните фондови и злоупотреба на довербата на јавноста.

Кој е Никола Саркози?

Син на унгарски имигрант и мајка Французинка со грчко- еврејско потекло, кој пораснал во Париз

Својата политичка кариера ја почнал како градоначалник во богатото париско предградие Неји (1983-2002)

Го доби прекарот претседател “Блинг Блинг” од критичарите поради неговиот стил на лидерство

Како претседател, протурка повеќе реформи, вклучувајќи ги зголемување на возраста за пензионирање од 60 на 62 и намалување на работната недела на 35 часа.

Никола Саркози претседател Франсоа Оланд Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.