39 пратеници од поранешниот состав на собранието поднеле барање за апанажа која треба да им ја одобри новата собраниска Комисија за избори и именувања.
Од вкупно 123 пратеници од минатиот состав, 58 повторно се избрани за пратеници, а 24ца се вратиле на претходните работни места.
Во согласност со Законот за плати и други надоместоци, за оние што биле пратеници до 6 месеци следува надомест само 3 месеци, за функција до 12 месеци – 6 месеци апанажа, до 24 месеци – 9 месеци, а оние што биле пратеници над 2 години, ќе земаат пратеничка плата уште 1 година.
Таа изнесува нешто повеќе од 80 илјади денари, ако се помножи просечната плата во земјата со пратеничкиот коефициент 3, 70.