Во силна експлозија во средиштето на пакистанскиот град Лахор загинаа најмалку 15 луѓе. Меѓу 90-тината повредени има и новинари.
Експлозијата се случи во текот на протестот на фармацевти, откако мотоциклист со експлозив со полна брзина се залетал во толпата. Одговорноста за нападот ја презеде групата на Јамаат-ур-Ахрар, огранок на пакистанските талибанци.
Главниот министер на покраината прогласи ден на жалост. Според него трагедијата би можела да биде поголема ако ударот не го ублажиле два автомобили и телевизиско комбе и минимус на демонстрантите.
Нападот се случи три дена откако терористичката група во видео порака најави ќе дејствува на владини цели во целата држава.