Масимо Одо од денеска не е тренер на Пескара. Иако беше најавено негово останување на клупата на последнопласираната екипа во Серија А, сепак, се случи драматичен пресврт во ситуацијата што резултира со прекин на соработката.
„По интензивни разговори донесовме одлука да ја прекинеме соработката со Масимо Одо и со неговиот асистент Марсело Донатели. Се надеваме дека екипата ќе профитира по овој потег и дека досегашните резултати ќе бидат минато“, стои во веста на интернет страницата на Пескара.
Одо ја презеде екипата во 2015 година и веќе во првата сезона ја однесе Пескара во Серија А, лига во која не успеа да стори ништо позначајно. По 24 кола Пескара се наоѓа на последното место со само девет бода. Има една победа, шест реми и дури 17 порази и наесен повторно ќе игра во Серија Б.