Њујорк заработил 3,3 милијарди долари што, според магазинот „Форбс“, го прават прв тим по обем на приходи во НБА лигата за 2016 година. Никси, втора година во низа, покажуваат најдобри финансиски резултати од сите клубови во американската професионална кошаркарска лига. Во 2015 година тие приходуваа три милијарди долари.
„Форбс“ наведува дека и вредноста на тимот е порасната за 10 отсто за разлика од претходната сезона. Втор на листата е Лос Анџелес Лејкерс со 300 милиони помалку од Њујорк, а зад „езерџиите“ е Голден Стејт со 2,6 милијарди долари. Последен е Њу Орлеанс со 750 милиони долари.