НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичниот суд прераспредели куп судии во судот за прекршоци

2
By Сашка Цветковска on February 21, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот суд 1 од Скопје или популарно Кривичниот суд прераспредели десетина судии кои работеа на кривична материја во одделението за прекршоци. Од извори во судот, НОВАТВ дознава дека судијата Ѓоко Ристов од Одделението за организиран криминал е префрлен  во кривичното оддделение, а во одделението за прекршоци заминуваат и Драган Николовски, Седат Реџепагиќ, Оља Ристова.

Прераспределена е и судијката на претходна постапка Весна Димишкова. Таа заминува во одделението за малолетници. Димишкова е судијката која што издаде наредба за претрес во предметот „Тврдина“ во станот на Коста Крпач и судијката која што на СЈО им го издаде налогот на претрес во УБК. Веднаш по наредбата за претред во станот на Крпач, Димишкова беше прераспределена од судија во организиран криминал во судија во обичен криминал.

Променети се и други судии на претходна постапка, односно токму оние судии кои одлучуваат за претреси и притвори.

Доскорешниот претседател на судот, Владимир Панчевски, како и судијката Лидија Петровска во јавноста позната по споменувањето во „бомбите“ како Сваровски судијката, се именувани во Советот на судии во организиран криминал, дознава НОВАТВ од извори во судот.

Советникот во Судот, Дејан Ристовски, во кус телефонски разговор не упати за официјална информација да доставиме прашања до Судот.

Овие одлуки ги носи новата вд. претседателка Татјана Михајлова, позната како истражен судија во случајот „Ликвидација“ во којшто новинарот Томислав Кежаровски беше осуден на 4,5 години затвор. Нејзина заменичка е судијката Дијана Груевска Илиевска. Груевска Илиевска го одби барањето на СЈО за проверка на компјутерските системи во „Телеком“. Таа го суди и случајот „Поткуп“ во којшто обвинет е претседателот на СДСМ Зоран Заев.

 

Кривичен суд СЈО судии Татјана Михајлова
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.