Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амнести Интернешнел: Време е да се сопре говорот на омраза во светот

0
By Нова ТВ on February 22, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 22, 2017 10:11

Доналд Трамп, Виктор Орбан или Реџеп Таип Ердоган користат говор на омраза со “отровна” реторика кон некои групи и сето тоа го прави светот понесигурен, алармира организацијата за човекови права Амнести Интернешнел во својот последен извештај.

“Говорите на Доналд Трамп, Виктор Орбан, Реџеп Таип Ердоган, Родриго Дуерте од Филипини… се фокусираат на цели групи население и ќе означуваат како жртвени јагниња ширејќи ја идејата според која некои лица се помалку “хумани” од други”, вели Амнести.

Првите жртви на овој говор се бегалците. Извештајот ја цитирира анти-имиграциската наредба на Трамп за привремено затворање на границите на САД на земји со муслиманско мнозинство. Или “незаконскиот и неодговорен” договор помеѓу ЕУ и Турција за бегалците според кој тие луѓе мораат да се испратат од ЕУ во Турција.

Амнести цитира 36 земји кои “го нарушиле меѓународното право и нелегално ги вратиле бегалците во земји во кои нивните права се под закана”.

Овие зборови на отфлање и омраза имаат директно влијание на правата и слободите:

“Владите бараат да се донесат закони кои го ограничуваат правото на азил, слободата на говор, го озаконуваат масовниот надзор на луѓето и им даваат неограничени права на безбедносните сили”.

Проблематично е тоа што овие акции не ги прават само екстремистите, туку се повеќе центристичките партии, вели Џон Далхејзен, директор на Амнести за Европа.

На пример, ваков говор е кога Унгарецот Орбан за бегалците вели дека се “отров”, кога холандскиот екстремист Герт Вилдерс вели за холандските граѓани со мароканско потекло дека се “марокански олош” или кога холандскиот премиер во отворено писмо го повикува мигрантите да се однесуваат нормално или да си одат дома.

Муслиманите се главните цели на “европската демагогија” бидејќи се претставени како “закана за безбедноста, националниот идентитет, крадци на работни места или злоупотребувачи на системот за социјална заштита”, вели директорот за Европа.

Организацијата повеќе не верува дека европските или светските лидери ќе го сменат тонот или дека ќе почнат да ги почитуваат правата и слободите. И ги повикува граѓаните да се мобилизираат и да реагираат на ова клима на омраза која светот го прави нестабилен.

“2017 година треба да биде година на отпор. Нашите надежи лежат во народот”, изјавува Салил Шети, претседател на Амнести Интернешнел.

Извештајот носи таков наслов: Време е да станеме сите заедно и да кажеме стоп на политиката на демонизација која креира поделен и опасен свет.

 

Амнести Интернешнел говор на омраза извештај 2016 година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.