Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европратеници: Груевски, треба да го негувате граѓанското општество

1
By Нова ТВ on February 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 23, 2017 11:23

Двајца европратеници, членови на Европската народна партија (ЕПП), Елмар Брок и Андреј Ковачев испратија писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во однос на организацијата „Стоп Операција Сорос“ која нападна над 20 организации дека деструктивно влијаеле на Македонија.

Брок и Ковачев се дел од Унијата на Европски Федералисти, под кои спаѓаат Младите Европски Федералисти, чија канцеларија во Македонија исто така беше нападната од Цветин Чилиманов и СОС.

Во писмото, европратениците бараат од Груевски, поради блискоста со ставовите на Чилиманов, да преземе мерки и да одговори дали ги споделува европските вредности и принципи кои ги застапуваат тие.

Писмото во целост:

Драг господине Груевски,

Би сакале да се осврнеме на еден инцидент кој можеби сметате дека не е обемен но праќа вознемирувачка порака за европската ориентација на Македонија, дури и во круговите на најцврстите поддржувачи за приближувањето на земјата кон ЕУ.

На 3 февруари 2017 година, организацијата СОС – Стоп операција Сорос одржа прес-конференција на која ги нападна организациите за кои тие тврдат дека ги подриваат националните интереси на Македонија. Се изненадивме дека една од организациите е и Младите Европски Федералисти (ЈЕФ). Говорникот на прес-конференцијата, господинот Цветин Чилиманов, според наши сознанија уредник на владината агенција за вести ги опиша ЈЕФ како контроверзна организација а нашите идеи ги опиша како „смртоносни и опасни“.

Сакаме да истакнеме дека ЈЕФ и нејзината секција во Македонија е непартиска, плуталистичка и организација на млади која работи за слободна и соединета Европа, која се темели на принципите на демократија и владеењето на правото, мирот, просперитетот, безбедноста и правдата. ЈЕФ работи на длабока интеграција на Македонија во европското семејство која се надеваме ќе стане и членка. ЈЕФ Европа е дел од Унијата на европски федералисти во која ние сме претседател и потпредседател.

Со оглед на блискоста меѓу раководството на СОС и на владата и неодамнешните изјави на владини политичари за таканаречен процес на “десороизација“, загрижени сме за нашите активности таму како и за тоа дека Владата на Македонија не ги дели иститите вредности. Веруваме дека имате моќ да ги стопирате нападите врз Европските Федералисти во вашата земја и бараме од вас да ги преземете неопходните мерки кои ви се на располагање за да го негувате граѓанското општество и да ги поддржите нашите заеднички европски вредности и цели.

владеење на право вредности Груевски десороизација Европа писмо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.