Американскиот претседател Доналд Трамп во говор пред конзервативен конгрес вети дека градењето на ѕидот на границата со Мексико ќе започне наскоро, пред планираното, како и тоа дека ќе се фокусира „лошите луѓе да ги избрка од земјата“.
На годишен форум во државата Мериленд, Трамп бил поздравуван со скандирања „САД, САД, САД“ пред да зборува, пренесуваат светските медиуми.
– Ѕидот ќе го градиме. Всушност градбата ќе започне наскоро, пред планираното. Многу, многу, многу пред планираното, рекол Трамп.
Овој негов говор доаѓа само еден ден откако државниот секретар Рекс Тилерсон и министерот за одбрана Џон Кели се сретнаа со своите колеги од Мексико а на кои средби никој ништо не изјави за ѕидот кој го планира Трамп.
Според Ројтерс, ѕидот ќе чини 21.5 милијарди долари, што е многу повеќе од проценките на самиот Доналд Трамп од 12 милијарди.