НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: По 11 години режим, чест е да формираме демократска влада

0
By Нова ТВ on February 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централниот одбор на СДСМ едногласно го утврди претседателот Зоран Заев за мандатар за состав на новата Влада.

„Чест е, моја и на СДСМ, што по скоро 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска Влада на Р.Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска Влада во којашто приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија! Рековме дека секој граѓанин е во центарот на нашето внимание. Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно, праведно и правично општество за сите и се што правевме досега во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејки се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Р.Македонија“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот Заев, со неговото утврдување за мандатар за состав на новата Влада, доби поддршка и овластување од Централниот одбор да влезе во преговори за владината програма и за новиот владин состав.

„Следува период во којшто ќе се посветиме на поставување на квалитетна владина програма, што ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реални политики, така како што избраа граѓаните на Македонија. Презедовме обврски за живот за секој човек со Планот на живот. СДСМ носи живот за сите граѓани на Македонија“, рече претседателот Заев пред членовите на Централниот одбор.

Партијата на Али Ахмети синоќа одлучи да му ги даде потписите за мандат на СДСМ. Со тоа СДСМ има 49 пратеници, плус десетте на ДУИ, како и осумте потписи на БЕСА и Алијансата на Албанците, кои најавија дека ќе ги дадат потписите на СДСМ и Зоран Заев како иден мандатар за состав на нова влада.

Претседателот Ѓорге Иванов, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како мандатар не успеа да формира влада, рече дека ќе го даде мандатот на оној кој ќе обезбеди доказ за мнозинство. Но, Иванов го услови давањето на мандатот со гаранции да зачувување на унитарноста и давање гаранции за реформи во безбедносните структури.

Централното претседателство на ДУИ вчера одлучи да му ди даде потписите на Заев, но одлуката за тоа дали ДУИ ќе биде опозиција или дел од новата влада, ќе ја донесат по добивањето на мандатот.

Влада Зоран Заев мадатар СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.