НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Челзи на шпански погон: Фабрегас, Педро и Коста го треснаа Свонси

0
By Нова ТВ on February 25, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фабрегас, Педро и Коста беа творци на новиот, 20. триумф, на Челзи во сезоната по кој тимот од „Стемфорд бриџ“ со крупни чекори гази кон титулата во Премиерлигата. Лондонските „сини“ во 26 коло го совладаа Свонси со 3:1 и барем на 24 часа ќе имаат плус 11 од Манчестер сити и 13 повеќе од Тотенхем на врвот на табелата.

Фабрегас, кој стана прв Шпанец со 300 мечеви во Премиерлигата, обезбеди предност за Челзи во 19 минута по асистенција на Педро. До крајот на полувремето израмни Љоренте и тоа беше се што успеаја гостите од Кардиф.

Поранешните фудбалери на Барселона ги сменија улогите во 72 минута. Педро по додавање на Фабрегас ги поведе „сините“ во ново водство со 2:1, а Диего Коста во 84 минута се погрижи да не бидат во центар на вниманието само екс членовите на Каталонците.

Честа на гостинските екипи попладнево ја спаси Барнли со ремито (1:1) кај Хал. Во сите останатите победија домашните екипи. Кристал палас беше за еден гол подобар од Мидлсборо (1:0), ВБА од Борнмут со 2:1 додека Евертон на „Гудисон парк“ славеше над фенерџијата Сандерленд со 2:0.

Премиерлига, 26 коло

Челзи – Свонси 3:1

Кристал палас – Мидлсборо 1:0

Евертон – Сандерленд 2:0

Хал – Барнли 1:1

ВБА – Борнмут 2:1

Вотфорд – Вест Хем 1:0 (во тек)

Саутемптон – Арсенал (одложен)

Манчестер сити – Манчестер јунајтед (одложен)

Тотенхем – Стоук (недела, 14.30 ч.)

Лестер – Ливерпул (понеделник, 21 ч.)

Табела: Челзи 63, Манчестер сити 52 (-1), Тотенхем 50 (-1), Арсенал 50 (-1), Ливерпул 49 (-1), Манчестер јунајтед 48 (-1), Евертон 44, ВБА 40, Стоук 32 (-1), Вест Хем 32 (-1), Барнли 31, Вотфорд 30 (-1), Саутемптон 30 (-1), Борнмут 26, Свонси 24, Мидлсборо 22, Кристал палас 22, Лестер 21 (-1), Хал 21, Сандерленд 19.

Диего Коста Педро Премиерлига Свонси Сеск Фабрегас фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.