Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медијаторите на Пржинскиот договор: Иванов да ја преиспита одлуката

0
By Влатко Чаловски on March 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 2, 2017 14:38

Европратениците Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, кои се медијатори на Договорот од Пржино потпишан во јули за излез од политичката криза во Македонија, велат претседателот Ѓорѓе Иванов и партиите треба да ја почитуваат волјата на граѓаните и да го прифатат оној кој формирал парламентарно мнозинство.

– Го повикуваме Претседателот и сите политички партии да ја почитуваат демократската одлука на граѓаните и да го прифатат договореното парламентарно мнозинство без понатамошно одложување. Како што постојано ние и еврокомесарот Јоханес Хан повторуваме, очекуваме нова влада базирана на инклузивност, реформи и меѓуетничка соработка, се вели во заедничката изјава.

Тие во исто време го повикуваат Иванов и партиите да се воздржат од изјави кои може да поттикнат немири во државата, и напоменуваат дека земјата мора да се врати на својот демократски пат.

– Последниот развој на настаните може да има значителен импакт врз европските перспективи на државата. Како што стојат работите, ние сме обврзани да му препорачаме на Европскиот парламент да до одложи гласањето за извештајот на земјата за 2016 година, потенцираат Кукан, Флекенштајн и Вајгл.

Реакциите по одлуката на Иванов не стивнуваат како од македонските аналитичари, така и од Меѓународната заедница, откако Иванов вчера рече дека нема да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, бидејќи преговарал за Платформа која била потпишана во друга држава, а со тоа се уривал суверенитетот на државата.

Инаку за истата Платформа на која како носител во јавноста се претстави ДУИ, преговараше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски но не успеа да состави Влада.

Денес и американскиот амбасадор, како и еврокомесарот Јоханес Хан побараа од Иванов уште еднаш да ја обмисли одлуката за да не ја турне земјата во подлабока криза.

Ѓорѓе Иванов европратеници мандат медијатори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.