Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стравична глетка на „Риазор“: Фернандо Торес падна во несвест (Видео)

0
By Нова ТВ on March 2, 2017 СПОРТ
Фото: goal.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 2, 2017 23:48

Депортиво ла Коруња и Атлетико Мадрид ремизираа (1:1) на „Риазор“ во меч од 25 коло во шпанска Примера што падна во сенка на стравичниот момент од 85 минута и падот на Фернандо Торес, по еден воздушен дуел со Алекс Бергантинос, по што шпанскиот репрезентативец остана на тревникот во безсознание.

Прекинот траеше пет минути и предизвика бурна реакција од Диего Симеоне кон четвртиот судија додека соиграчите на Торес, но и на домашната екипа, беа во шок и не можеа да поверуваат во глетката. Последните пет минути плус судиското продолжение го одиграа без возбудувања и едвај чекаа на главниот судија да означи крај.

https://www.youtube.com/watch?v=XjWeN1tFG5k

По првичната интервенција на медицинскиот персонал и стабилизирање на состојбата, напаѓачот на мадриѓани беше изнесен на носилки и веднаш превезен во болница на натамошни прегледи.

Засега не е позната природата на повредата. Раководството на Атлетико Мадрид објави дека Торес дошол при свест и почнал да говори, но дека ноќта ќе ја мине во болнички кревет.

Депортиво поведе во 13 минута со голот на Флорин Андоне, израмни Антоан Гриман во 68. Со освоениот бод, екипата од Ла Коруња има вкупно 20 и се наоѓа на 17 место на табелата. Атлетико Мадрид останува на четвртото место со 46 бода.

Во вториот вечерашен дуел со кој беше заокружено 25 коло во Примера, Севилја го совлада Атлетик Билбао со 1:0.

Атлетико Мадрид Депортиво ла Коруња Несвест Примера Фернандо Торес фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.