На македонски погон: Барди го задржа Леванте во Примера (Видео)

Клубот од предградието на Валенсија го обезбеди опстанокот на коло до крај на шпанското фудбалско првенство по денешниот гостински триумф над Џирона со 2:1. И тоа на крилја на македонскиот репрезентативец кој ги одигра сите 90 минути и негово дело беше победоносниот во 86. минута по асистенција на Хозе Кампања

Примера: Леванте го „разнесе“ Бетис, асистенција на Барди (Видео)

Македонскиот репрезентативец беше стартер и одигра цел меч за домашните кои постигнаа по два гола во полувреме и на крајот заслужено прокнижија големи три бода за бегство од опасната зона на табелата

Зидан го разбуди „кралот“: Реал М. се ресетира со Селта, Билбао стави сол на раната на Атлетико

„Кралевите“ триумфираа со 2:0 со погодоците на Иско и на Герет Бејл во второто полувреме, со идентичен резултат и тимот од „Сан Мамеш“ освои три бода против замаената, по елиминацијата во ЛШ, чета на фудбалери на Диего Симеоне

Примера: Два поништени гола и водство на Валјадолид, па пресврт на Реал М.

Домашните најпрво промашија пенал, а до водството во 29 минута двапати ја тресеа мрежата на Тибо Куртоа од офсајд позиции. „Кралевите“ израмнија до паузата и со уште три гола во продолжение да стават печат на 16 победа во сезоната во Примера. Двапати погоди Бензема, по еднаш Варан и Модриќ

Нов македонски проектил во Примера: Барди го тресна и Леганес (Видео)

Вечерашниот гол беше седми на македонскиот репрезентативец во дебитантската сезона во Примера. Претходно постигна два на „Сан Мамеш“ против Атлетик и по еден во дуелите со Еибар, со Реал Сосиедад, со Валенсија и со Депортиво ла Коруња

Примера:Хет-трик на Меси, 25. титула на Барса, Ла Коруња во втора лига

Каталонците славеа на гостувањето над Депортиво ла Коруња со 4:2 во претпоследниот меч од 35 коло за осигурување на двојна круна во домашната сцена во оваа сезона. Тимот од „Риазор“ и дефинитивно се сели во понизок ранг за сезоната 2018/19, судбина со која претходно се помирија и екипите на Лас Палмас и на Малага