По финалето во фрлање ѓуле во женска конкуренција, на Европското атлетско првенство во Белград се поделени уште два комплета медали. Полјакот Пјотр Лисек победи во скок со стап, а Белгијката Нафисату Тиам во петобој.
Рамо до рамо со полскиот атлетичар на подиумот во „Комбанк арена“ се најдоа и сонародникот Павел Војчеховски и Гркот Константинос Филипидис. Сите тројца ја прескокнаа летвичката на височина од 5,85 метри.
Петобојката Тиам, пак, ги одби сите напади на конкурентките и со 4.870 бода, најмногу во оваа сезона, се искачи на највисокото место на пиедесталот. Второто место ѝ припадна на Австралијката Ивона Дадиќ со 4.767 бода што претставува нов национален рекорд, пласман на третата позиција оствари Унгарката Ѓерѓа Живоцки-Фаркаш со најдобар личен резултат во кариерата од 4,723 бода.