Жозе Мурињо порача дека не е чудовиште ниту е арогантен како што го опишуваат медиумите, но притоа не исклучи можност за разделба со Вејн Руни на крајот на сезоната.
„Мислам дека Манчестер јунајтед сфати дека не сум чудовиште како што луѓето зборуваат. Не сум ниту арогантен, ниту лош, ниту напорен во работата. Никој не бега кога ќе се појавам среде тренинг“, рече менаџерот на „црвените ѓаволи“.
Тој притоа нагласи дека луѓето се задоволни кога ќе го видат и ги потенцира добрите односи со фудбалерите. Меѓутоа не исклучи можност за заминување на Вејн Руни од „Олд трафорд“ по неодамнешниот став на менаџерот на Евертон, Роналд Куман, дека кам-бек на напаѓачот на „Гудисон парк“ добро би дошол и за него и екипата како и вербата дека тој може да игра на врвно ниво уште две-три години.
Холанѓанецот, сепак, рече дека конечниот збор за тоа го има Руни и Манчестер јунајтед.