НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атлетика, ЕП: Полска има Левандовски и на 1.500 метри и тоа златен

0
By Нова ТВ on March 5, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Презимето Левандовски не е полски синоним само за најважната споредна работа во светот. Покрај Роберт, првотимец на минхенски Баерн Минхен и еден од најбараните фудбалски напаѓачи во светот, Полјаците го имаат Марцин. Се занимава со атлетика, негова специјалност се тркачките натпревари, поточно, трките на 1.500 метри, дисциплина во која се закити со златен медал на 34. Европско првенство во сала во Белград.

Времето со кое Марцин Левандовски ѝ го донесе третиот златен медал на својата земја на атлетскиот шампионат во Србија е 3:44,82 минути. Сребрениот го освои Кале Берглунд од Шведска (3:45,56 минути), бронзениот ќе патува во Чешка заедно со Филип Сашинек (3:45,89 минути).

Полјаците ги заокружија настапите на своите претставници во вториот натпреварувачки ден во „Комбанк арена“ со уште едно најсјајно одличје. Заслуги за него има Конрад Буковјецки кој триумфира во фрлање ѓуле. Резултатот што притоа го оствари беше 21,91 метри што е наајдобар резултат во светот во оваа година. Личен рекорд (21,43 метри) што беше доволен за второ место забележа Чехот Томаш Станек, на третото место се пласира Давид Шторл од Германија (21,30 метри).

Французинката Геј победи на 400 метри, Стефаниди од Грција во скок со стап

Флорија Геј е нова шампионка на 400 метри. Французинката, во драматичен финиш, победи со време 51,90 секунди што е нејзин личен рекорд во кариерата. Втора на целта пристигна Зузана Хејнова од Чешка (52,42 секунди), а како трета мина Полјачката Јустина Свјети (52,52 секунди).

 

На градите на грчката атлетичарка Екатерини Стефаниди блесна златниот медал во скок со стап. Во финалето таа прескокна 4,85 метри и засега го држи најдобриот европски резултат во сезоната оставајќи ги зад себе Германката Лиса Риз (4,75 метри) и Анџелика Бенгстон од Шведска и Марина Килипко од Украина на втоара позиција, односно, на делба на третата.

Килти од В. Британија најбрз на 60 метри, Литванката Палсите „златна“ во скок во височина

Ричард Килти беше најбрз во спринтот на 60 метри. Британецот ја претрча делницата за 6,54 секунди што, исто така, е најдобар европски резултат во 2017 година. Среброто го понесе Јан Волко со нов државен рекорд на Словачка (6,58 секунди), а бронзата му припадна на Швеѓанецот Остин Хамилтон (6,63 секунди).

Литванката Аирине Палшите е нова континентална првенка во скок во височина во сала. Европската вицешампионка до златото стигна со успешна изведба од 2,01 метра. Победничката од Игрите во Рио, Шпанката Рут Беитија заврши како втора со скок од 1,94 метри, третото место во подиумот го резервира 19 годишната Украинка Јулија Левченко (1,94 метри).

Албанецот Смајлај со 8,08 метри до злато во скок во далечина

Албанецот Измир Смајлај победи во финалето во скок во далечина. До златното одличје скокна 8,08 метри колку и Михаел Торнеус од Шведска од повеќе обиди. Трет во дисциплината беше Украинецот Сергеј Никофоров (8,07 метри).

Новиот европски шампион од Албанија и публиката во „Комбанк арена“, сепак, си воспоставија интеракција. Смајљај при претставување пред почетокот на финалето, како што пренесуваат дел од српските медиуми, доби свирежи од трибините на што неговиот одговор беше симулација на „двоглав орел“ со рацете и покажување на натписот Албанија на градите на неговата опрема.

атлетика Белград ЕП во сала Марцин Левандовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.