Бранко Тричковски: Тој ќе ги следи судиите и ќе ги плаќа според испорачаната правда мерена во строгите стандаарди на вмро: 25 евра по барел правда од типот вмро.
Да речеме, за ослободување од заплена на опљачканиот имот на вмро-дпмне и шатката од Пешта, судиите и обвинителите, заедно со дактилографите и судските курири и чистачи, ќе добијат по 2.456 денари. Не е малку: по три метри басма за фустан ала Гога или за џамска завеса со ретки набори.
Но, тоа не е се, пипл.
Ако се затворат сите што го продадоа името и потпишаа предавнички договор со Бугарија, па прифатија предавничка преговарачка рамка без гаранции, еј, без гаранции, судиите и целиот правосуден систем ќе добијат од буџетот на Мицко сто милиони евра, минус казната од 150 милиони што досега не ги процесуирале и затвориле.
Во тие предавници е и мојата маленкост како скромен сервис кој ги подржуваше тие предавства.
Правдата е заебана работа.
Бидејки судиите нема да знаат што е правда според Мицко, а знаат дека ги следи и кога серат, ќе се воспостави посебно судско обвинителско одделение за примање на христијанските мислења кој треба да оди затвор, а кој треба да оди на слобода. Се разбира во блиска соработка со Венецијанската комисија и со госпоѓата Марта од ЕК која е задолжена да го регистрира напредокот на мртвата држава.
Е, сега, се поставува прашањето, кој ќе го следи Мицко?
Односно што тој испорачува. Или не испорачува. Ќе речете народот на избори. Да, но меѓу едни и други избори тој може да направии од Македонија каша попара каква што не може да направи ниту најголемиот предавник или криминалец во Нордот. Како што и прави. Освен тоа, вмро ја уништи деловната способност на народот да гласа. Мнозинството е претворено во тешко оглупавена односно шашардисана маса кој сере стоечки.
Плус, кој ќе му ги сопре парите ако не ги исполнува ветувањата и не работи во интерес на граѓаните.
Така што присуствуваме на фестивалот Македонски вечери на заебанцијата со фрлање на владиното говно по кое ќе плива македонскиот народ со тракторски гуми. Кој прв ќе го фати говното на Мицко ќе добие гри листа тоалетна хартија оф марката Зева.
Да, и телевизор во боја.
Се извинувам.
Извор: Фејсбук



