Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

0
By Zoran Ivanov on July 17, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 17, 2026 18:37

 Изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за „чистење“ на судиите и на обвинителите, како и дека трпението е при крај и ќе ги стигне правдата, се најдоа во најновиот извештај на Европската комисија за владеење на правото во Македонија.

Освен мешањето и притисокот од извршната врз судската власт во извештајот се најдоа и малкуте пари што се издвојуваат за правосудството, постапката за разрешување на Обвинителот и привремените измени на Кривичниот законик.

Мешањето и притисокот од други државни гранки продолжуваат да предизвикуваат сериозна загриженост за почитувањето на судската независност. Избрани функционери и владини претставници ја засилија личната критика кон судиите и обвинителите, обвинувајќи ги за корупција, а од највисоко ниво на Владата беа дадени изјави за планови за „чистење“ на судството и обвинителството. Овие изјави ризикуваат да ја поткопаат независноста на судството и принципот на поделба на власта. Дополнително, судиите и обвинителите се соочуваат со зголемен притисок преку јавни кампањи за дискредитација, и онлајн и преку медиумите, во кои се вклучени високи извршни функционери и политичари. Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии заеднички издадоа јавна изјава со загриженост за постојаните, неосновани критики кон судството, кои според нив ја поткопуваат судската независност и ги нарушуваат демократските принципи на поделба на власта, се вели во извештајот.

Во текстот на Извештајот што го објави Европската комисија се нотира и буџетската зависност.

Независноста на судството и автономијата на обвинителството се поткопани и од недоволните буџетски средства. Буџетите на судството и јавното обвинителство остануваат под законскиот минимум, а намалувањето од 4,3 проценти во 2025 година дополнително ја влоши состојбата. Дополнително, судовите и обвинителствата и понатаму мора да добијат формално одобрение од Министерството за финансии за внатрешни буџетски распределби, какви што се ресурси и вработувања, што значи дека немаат вистинска буџетска автономија – се вели во извештајот во делот на независноста на судството.

Постапката за разрешување поднесена против главниот јавен обвинител открила ризик од политизација и слабости во правилата за разрешување, и на крај доведе до неговата оставка, се додава во извештајот, односно тоа што продолжи постапката за разрешување на поранешниот обвинител Љупчо Коцевски и покрај негативното мислење на Советот на јавни обвинители.

На 16. декември, главниот јавен обвинител јавно поднесе оставка, пред собраниската седница на која требаше да се разгледува предлогот на Владата за негово разрешување, врз основа на наводи дека му наштетил на угледот на судството. Советот на јавни обвинители го повтори своето негативно мислење за предлогот за разрешување. Засегнатите страни оценија дека постапката за разрешување создава негативен преседан, со потенцијално значајни последици врз автономијата на Јавното обвинителство, отворајќи сериозни прашања за владеењето на правото, конзистентноста на институционалните процедури, како и укажувајќи на недостиг од јасност за фактичката и правната основа за разрешувањето. Нов главен јавен обвинител, кој ги исполнува законските критериуми, беше избран на 18 март, пред планираното донесување на нов Закон за Јавното обвинителство, се вели во извештајот.

Измените на Кривичниот законик од 2023 година оставиле последици врз борбата против корупцијата, бидејќи довеле до запирање или слабеење на дел од предметите, особено оние со високи функционери. Новите измени се оценети како привремено решение, но ЕК предупредува дека и понатаму постојат празнини што можат да создадат простор за неказнивост.

Донесени се измени на Кривичниот законик, но тие имаат неколку недостатоци во споредба со претходната правна рамка, додека се подготвува сеопфатна реформа. На 28 јануари 2026 година, Собранието ги усвои измените на Кривичниот законик. Како резултат на тоа, Уставниот суд ја запре иницијативата за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик од септември 2023 година. Усвоените измени се замислени како привремено решение, додека Министерството за правда паралелно подготвува целосно нов Кривичен законик и нов Закон за кривична постапка. Клучните аспекти на новите измени се однесуваат на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злосторничко здружување“, со цел да се надминат негативните последици од измените донесени во септември 2023 година. Засегнатите страни укажуваат дека, во споредба со претходната правна рамка, измените го ограничуваат применувањето на кривичното дело злоупотреба на службената положба само на одредени ситуации кои во пракса се исклучително ретки. Тоа доведува до декриминализација на други облици на злоупотреба и создава правна несигурност. Дополнително, во споредба со верзијата на Кривичниот законик пред 2023 година, максималните казни за потешките облици на ова кривично дело се намалени. Тоа, пак, ги скратува роковите за застареност и остава помалку време за истрага и гонење на сложени корупциски случаи, пишува во извештајот.

Извор: Слободен печат.мк

 

ЕК Македонија судство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.