Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АБА“ дебакл: Партизан го „преслуша“ МЗТ Скопје со 31 кош

0
By Нова ТВ on October 4, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Црно-белите“ попладнево ги декласираа „металците“ во СЦ „Јане Сандански“ со 93:62 за втора победа во сезоната на белграѓани и втор пораз на скопјани
МЗТ Скопје доживеа тежок пораз на домашен терен во вториот АБА меч во оваа сезона. Партизан го совлада македонскиот првак со 93:62 во 40 минути баскет во СЦ „Јане Сандански во кои победникот ниту еднаш не беше доведен во прашање.

14555712_1766231526973709_1004613028_n

„Црно-белите“ ги добија сите четири периоди во средбата. Најубедливи беа во првиот (29:16) што во вториот додадоа уште 10 (19:9) и на одмор да заминат со 48:25. Резултатски најтесна беше третата четвртина што, сепак, заврши на страна на гостите од Белград со 22:21, рутински беше одработен и последниот со 23:16. Лошото издание на „штрковите“ попладнево беше причина за незадоволството меѓу навивачите кои на моменти побараа оставка на тренерот Емил Рајковиќ.

Најефикасен на средбата беше гостинскиот Американец Хечер со 21 поен, еден повеќе од домашниот Тејмс. Кај „металците“ двоцифрен беше уште Џеремаја Мејси со 15, меѓу партизановци се истакнаа и Бирчевиќ со 19 и Маринковиќ со 16 коша. За МЗТ Скопје ова е втор пораз во регионалното натпреварување (во преммиерниот меч загуби од Црвена звезда во Белград), за Партизан, пак, е втора победа по воведната во Бар против Морнар (58:57).

Рајковиќ: Подготвени за промени, ако треба и јас ќе заминам

Емил Рајковиќ е свесен за лошата партија што ја прикажаа неговите, пак, играчи. Факт е дека се повреди Лалиќ, но ако тимот од населба Аеродром е доведен во позиција дотолку да зависи од поединец, тогаш сезоната нема да биде на добро по „металците“. Лошиот вовед, неконценрацијата во одбрана и катастрофалниот шут за три (погодени само четири тројки од 30 обиди) на прв поглед се чинат клучни фактори за убедливиот пораз.

„Што сме згрешиле, како натаму и дали може да продолжиме се прашања што најчесто се вртат по ваков пораз. Ако почнам да зборам за проблеми ќе бидам сфатен како да барам алиби што не сакам ниту ми е цел. Отсуството на Лалиќ ќе биде уште еден товар и ќе се одрази на ротацијата“, почна Рајковиќ и продолжи:

„Партизан беше побрз и посилен од нас. Почетокот на сезоната не е онаков каков што сакавме, а пред нас е дуел со Цедевита. Од ова што досега го видов може да кажам дека одредени кошаркари не ја оправдаа довербата. Подготвени сме и на промени, ако треба подготвен сум и јас да заминам“.

Џикиќ: Успеавме да победиме, но имавме и среќа

14568989_1766231633640365_1858267154_n

Поранешниот селектор на Македонија, моментно тренер на Партизан, Александар Џикиќ изрази задоволство од настапот на неговите кошаркари во Скопје.

„Успеавме, како-така, да го исконтролираме мечот. Успеавме да ја смириме брзоплетоста и паниката во нападот. Имаме проблеми со повреди, но успеавме да победиме. Имавме и среќа. Се повреди Лалиќ кој отвора многу шутеви од дистанца на Симоновски и Темс“, истакна Џикиќ.

 

МЗТ Скопје – Партизан 62:93 (16:29, 9:19, 21:22, 16:23)

СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 5.000. Судии: Херцег, Хордов, Драгоевиќ.

МЗТ Скопје: Цветковски, Темс 20, Томас, Мекиќ, Мејси 15, Клоф 4, Симоновски 5, Лучиќ 9, Младеновски 1, Скот 4, Лалиќ. Тренер: Емил Рајковиќ

Партизан: Робинсон, Ратковица 5, Врабац, Маринковиќ 16, Величковиќ 5, Мајсторовиќ 11, Бирчевиќ 19, Копривица, Андриќ 8, Хечер 21, Пот, Луковиќ. Тренер: Александар Џикиќ

Александар Џикиќ кошарка МЗТ Партизан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.