Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АД Мепсо објави меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција со Албанија

0
By Marija Todorovska on April 28, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 28, 2025 13:15

АД МЕПСО денеска објави меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција со Албанија, проект за комплетирање на регионалниот енергетски коридор Исток-Запад.

Со тендерот се  предвидува изградба на 100-тина километри надземен далновод од Трансформаторската станица Битола 2 до македонско-албанската граница во вредност од околу 17 милиони евра, финасирани преку заем и грантови од ЕБОР и европските фондови. Рокот на доставување на понуди е 45 дена, а се очекува во третиот квартал од годинава да биде избран најповолниот понудувач. Реализацијата на проектот треба да почне на почетокот на следната година, а целосно да биде завршен до крајот на 2027 година.

Изградбата на новиот интерконектор, според генералниот директор на АД МЕПСО Бурим Љатифи, ќе значи значајно зголемена отпорност на преносната мрежа со минимизиран ризик од прекини и ценовни шокови, отворен простор за приклучување на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, стратешка интеграција на регионалните и европските пазари што долгорочно ќе придонесе за стабилни, достапни и конкурентни цени на електричната енергија.

Новиот тендер е објавен откако претходниот изведувач преку неоправдани барања за дополнителни средства и еднострано напуштање на теренот го загрози проектот и јавниот интерес поради што беше раскинат договорот со него.

Веќе се исплатени околу 5,8 милиони евра кон претходниот изведувач Енергоинвест од кои околу два милиони евра се вратени преку банкарските гаранции. Не би рекол дека има финансиски реперкусии, бидејќи исплатените средства се отидени за набавка на опрема која е наша сопственост и е околу 50 проценти од опремата која ни треба за целосна реализација на проектот. За да потврдиме дека опремата и квантитативно и квалитативно е на ниво, ангажиравме стручни лица од Машински и Електро факултет кои тоа го потврдија, рече Љатифи во одговор на новинарско прашање.

Ангажирани беа, како што кажа, и дополнителни стручни лица, консултанти и адвокати за да се дојде до одлуката за прекинување на соработката и распишување на нов тендер.

За да дојдеме до одлуката ги консултиравме сите сериозни чинители и на крај одлучивме да го раскинеме договорот зашто имаше неосновани финансиски побарувања за дополнителни средства и еднострано напуштање на теренот и условување со зголемени финансиски средства. Сето тоа е во спротивност со договорот и затоа тоа е основниот и најголемиот аргумент за негово раскинување. Освен тоа од 2020 година до сега затекнавме реализација на само 24 од вкупно 269 столбови, што јасно укажува дали имало сериозност во изведувањето и завршувањето на проектот или не, потенцира  Љатифи.

 

АД МЕПСО Албанија љатифи регионален енергетски коридор тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.