Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми: Дијаспората да се идентификува со државата, а не со партиите

0
By Нова ТВ on April 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 13, 2018 13:35

Владата реши да го подигне на повисоко, институционално ниво прашањето на дијаспората и државата да се посвети на градењето доверба со дијаспората, истакна на денешната трибина министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

– Сакаме дијаспората да се идентификува со државата, а не со партиите што беше случај во изминатите 20-тина години… Воочивме дека во Македонија во изминатите години не постоела стратегија за соработка и односи со дијаспората, што не е случај со државите од регионот и пошироко. Затоа кон крајот на август 2017 година Владата донесе заклучок за формирање работна група која ќе работи на изработка на Национална стратегија за соработка со дијаспората, рече Адеми на трибината за зајакнување на врските со македонската дијаспора.

Тој информира дека Националната стратегија е речиси финализирана и очекува во текот на јуни годинава таа да влезе во владина процедура. Националната стратегија се базира на четири клучна столбови: политички и администартивни аспекти; диајспората и економскиот развој; образование, наука и млади и културни врски, културен идентитет и културно наследство.

Адеми потсети дека кон крајот на 2017 година Владата донесе Програма за економски раст на државата, каде покрај странските инвеститири кои во минатото имаа бенефиции, сега и домашните инвеститори и инвеститорите од дијаспората ги имаат истите права кога ќе решат да инвестираат во Македонија.

Појасни дека со пред две недели се донесе и Закон за поддршка на инвестициите, предложен од Министерството за екомија. Со членот 33 во законот, инвестициите од дијаспората добиваат поддршка од државата. Тие ќе добиваат дополнителни 10 отсто со цел да се привлечат да инвестираат во својата држава.

Организаторот на трибината, претседателот на Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните „Нов контакт-Македонија“ Златко Николовски рече дека знаат оти нашите иселеници не ќе може да ги вратиме назад. Од нивното искуство, нашите иселеници најмногу се жалат за информираноста и прашуваат за административните олеснувања кон нив.

Според него, државата во последниот период направила сериозен исчекор. Во 2011 година првпат дијаспората доби можност да има пратеници, но тој смета дека тие можеле нешто повеќе да направат.

Во функција е новата веб-страница www.diaspora.gov.mk, каде ќе бидат објавувани сите активности, мерки кои ќе се реализиираат, а се во интерес на дијаспората.

Адеми веб страница дијаспора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.