Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми: Прашање на ден е печатењето и дистрибуцијата на новите учебници

0
By Нова ТВ on October 5, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми порача дека се потпишани одлуките за избор на најповолна понуда за учебници и, според него, прашање на време е кога ќе се испечатат и ќе бидат дистрибуирани до сите училишта.

„Одлуките за избор на најповолна понуда се потпишани. Прашање е на време кога ќе се испечатат новите учебници и ќе бидат дистрибуирани до сите училишта“, изјави Адеми.

Министерот за понеделник најави нова средба со претставници на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) кој на првиот ден од новата учебна година испорача барање за покачување на платите на просветните работници. Адеми не сака да размислува на негативни сценарија и верува во постигнување на договор.

Во основните и средните училишта оваа година наставата почна еден ден подоцна, поради предупредувачкиот штрајк на наставниците членови на СОНК и тие што солидаризираа со нив. Штрајкувачите во првиот училишен ден беа на работа без обврски, а оние кои не се приклучија кон штрајкот одржуваа настава.

СОНК во понеделникот даде рок од дополнителна недела пред МОН да се произнесе по барањето за повиско плати во образовната дејност. Ако не се нивните барања, најавен е генерален штрајк во основните и во средните училишта.

„Од МОН ни побараа плус време за преговори во кои се утврдува процентот на зголемување на платите и времето од кога тоа би се случило. Објаснија дека им треба време за пресметки и консултации со други институции. Одлучивме да дадеме седум дена“, изјави тогаш претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Наставниците не се задоволни од пет процентното зголемување на платите и бараат повисоки плати за 25 отсто.

МОН; Арбер Адеми СОНК учебници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.