Ми беше чест да и бидам домаќин на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзината делегација, овде во Неапол. Имавме многу продуктивни разговори и среќен сум што можев да и го возвратам гостопримството што ми беше укажано при мојата последна посета на Скопје во март 2021 година, истакна командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО, адмирал Роберт Бурк, по средбата со Шекеринска.

Како што информираа од Министерството за одбрана, тој ги изразил неговите симпатии и сочувство за борбата против шумските пожари во Северна Македонија.

– Изразив и благодарност за учеството на трупите на Северна Македонија во мисијата КФОР, подвлекувајќи ја силната посветеност на Алијансата на безбедноста на Западен Балкан. Сојузничката команда на здружените сили во Неапол се надева на уште повеќе можности за соработка со гордата и способна Армија на нашата најнова членка на НАТО во понатамошните вежби и мисии на Алијансата, потенцираше Бурк.