Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатите на Јанева: Со завршување на истрагата, таа треба да биде ослободена од притвор

0
By Нова ТВ on September 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 24, 2019 13:33

Катица Јанева која е осомничена во случајот „Рекет“ денеска беше спроведена од затворот Шутка во Обвинителството за гонење на организиран криминал и е известена дека истрагата за слуачјот е завршена.

Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска рече дека Јанева ќе даде исказ откако ќе ги види доказите против неа.

„Во четврток ќе има увид во доказите, а потоа ќе даде и исказ“ рече адвокатката Фрчковска.

Другиот адвокат на Јанева Дељо Кадиев рече дека откако ќе го добијат известувањето дека истрагата е завршеан веднаш ќе побраат на Јанева да и биде одреден куќен притвор, затоа што повеќе нема опасност од влијание врз сведоци.

„Со завршувањето на истрагата отпаѓа основот за притвор – влијание врз сведоци, и останува само основот за можност од  бегство. Ќе понудиме гаранција таа да се брани од слобода. Кога ќе го добиеме известувањето, веднаш ќе се обратиме до Судот, мислам дека е обврска и на Обвинителството е кое треба да води сметка и за тоа осомничените се помалку време да поминуваат во притвор“ рече Дељо Кадиев, адвокат кој Јанева исто така го ангажирала да ја брани во случајот Рекет.

Јанева е под стрес има и хронични болест додадоа нејзините адвокати.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја заврши истрагата за Рекет односно за  тргувањето со влијание за „Империја“, во кој се осомничени три лица Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева – дека земале пари од Орце Камчев за тој да добие олеснителни околности во случај кој го отвори СЈО – Империја.

Паралелно со оваа истрага, во Обвинителството за гонење на организиран криминал се води истрага и за Меѓународниот сојуз на Боки 13 и парите кои бзинсимени ги уплатувале за наводна изградба на старечки домови.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Адвокатката Фрчковска рече дека Јанева не е дел од истрагата за Меѓународниот сојуз.

Јанева притвор Русковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.