Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатот на Боки 13: Снимките од „Ла Верита“ не се автентични

0
By Нова ТВ on February 13, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 13, 2020 14:45

Одбраната на обвинетите во случајот ,,Рекет” ги оцени како неавтентични снимките од ,,Ла Верита“ што денеска се презентираа во Кривичен суд. Според адвокатот Сашо Дуковски, лицето Јордан Камчев, кој ги доставил материјалите до Обвинителството, е осомничен во друг предмет и има за цел да го прогласи за виновен неговиот клиент.

Денешното рочиште за „Рекет“ почна со задоцнување поради спроведувањето на Катица Јанева од домашен притвор во судот, а во моментот е пауза, по што рочиштето треба да продолжи со пуштање снимки што како докази ги доставил сведокот Јордан Камчев. Обвинителката Вилма Рускоска претходно кажа дека овие разговори не се обезбедени со посебни истражни мерки.

„Самостојна интерпретација е дека стануваа збор за разговори меѓу Јордан Камчев и Бојан Јовановски. Тоа не може да се утврди. Не може да се користи нелегална снимка како доказ. Не може да се цени како доказ врз која ќе се заснова пресудата“, реагираше адвокатот Дуковски.

Во дел од денешните снимки јавноста имаше можност да слушне како обвинетиот Јовановски му вели на сведокот Камчев да прифати дел од вината и да плати отштета. На тој начин, според Боки 13, ќе се затворел предметот ,,Империја“, против осомничениот Јордан Камчев.

„Сакам да ми кажеш што добивам, како добивам и кога добивам. Сакам сите да бидат задоволни. Јас сум директен човек. Кажи ова ќе биде во февруари, ова во март и да го исполнам својот дел“, е дел од разговорот меѓу Јордан Камчев, сведок во ,,Рекет“ и обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 што беше презентираан во Кривичниот суд. Истите снимки беа објавени од италијанкиот весник „Ла Верита”.

Случајот „Рекет“ го води судијката Васка Николовска-Масевска, а обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина и беше осуден на три години затвор.

Бојан Јовановски докази Ла Верита Сашо Дуковски Случај „Рекет“ Сминки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.