Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатот на Чавков не се согласува со селективна амнестија

0
By Нова ТВ on December 13, 2018 ПОЛИТИКА
Митко Чавков
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 13, 2018 15:13

Овие три дена се изнаслушавме глупости, златна, сребрена одговорност. Тоа се најголеми глупости, кажа адвокатот на Чавков Сашо Дуковски на прашањето како го коментира предлог законот за амнестија кој не предвидува амнестија за организаторите и насилниците на 27 април.

-Се изнаслушавме теткински муабети, да почекаме прво да се донесе законот, кажа Дуковски, потенцирајќи  дека е против селективна правда.

Вчера Работната група на Телото за помитување во Собранието, го усогласи предлог законот за амнестија за настаните од 27 априли 2017. Притоа, како што изјави Зеќир Рамчиловиќ оние кои биле организатори и кои учествувале во обид за убиство нема да бидат амнестирани. Не прецизираше дали ќе се бара преквалификација на делото „терористичко загрозување на уставниот поредок“, но го спомена делото „здружување заради непријателска дејност“.

Јавната обвинителка Вилма Русковска вчера рече дека се прибираат докази за лицата кои беа дополнително споменати на судењето за случувањата во Собранието за 27 април, бидејќи, како што рече, не може да се поведе постапка само врз основа на исказ на еден обвинет. Таа потенцира и дека ако има докази нема да има проширување на постапката, туку  може да има комплетно нова.

-Врз база на сведочењата за случувањата на 27 април, за лицата кои беа дополнително споменати се прибираат докази, затоа што знаете дека само врз база на изјава на еден обвинет не може да се води постапка. Не може да се води постапка, ниту врз база на изјава на еден сведок ако нема материјални докази, рече Рускоска одговарајќи на новинарско прашање пред конференцијата за борба против корупцијата.

Законот за амнестија се очекува во понеделник да биде ставен на гласање, откако утре собраниското Координативно тело ќе ја утврди предлог-верзијата.

 

27 април Закон за амнестија Сашо Дуковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.