Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адвокатот на Груевски бара изземање на судиите во „ТНТ“

0
By Нова ТВ on April 5, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 5, 2018 12:58

Пред почетокот на главната расправа за „ТНТ“, адвокатот на Никола Груевски, Еленко Миланов побара  да се изземат судиите Огнен Ставрев, Осман Шабани и трите поротнички кои постапуваат по предметот.

Миланов рече дека на 26 март поднел барање до СЈО за информација кои судии биле цел на незаконско прислушување.Од специјалната обвинителка Јанева добил одговор дека има судии кои биле прислушувани и дека дел од нив постапуваат по предмети на СЈО. Јанева, исто така во одговорот укажала дека ваквата околност, треба да биде предмет на Судски совет и дека судиите не треба тоа да го сфатат погрешно, туку во контекст на заштита на нивниот интегритет.

Миланов побара изземање и на судиите кои треба да одлучуваат по предлогот: претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, судијата Пајазит Пајазити и судиите во Апелација: Лидија Димчевска и Сафет Кадрии.

По ова, судијата даде пауза, која ќе трае се до 15 часот.

Инаку, денеска требаше во судот да се слушаат 26 прислушувани разговори за предметот „ТНТ“ од кои  10 и беа познати во јавноста и 16 необјавени.

Во овој случај обвинети се седум лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и екс градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година за политичка одмазда го урнале објектот на нивниот политички противник, Цаноски, кој е во коалиција со сега веќе владејачкото мнозинство. Според СЈО, со уривањето е предизвикана штета од 16 милиони евра, а буџетот на општина Гази Баба е оштетен за дополнителни три милиони денари.

Груевски СЈО ТНТ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.