Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АЕК објави тендер за одобренија за 5Г: Јавното отворање на понудите е закажано на 5 јануари

0
By Sashko on November 25, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 25, 2021 16:09

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави тендер за доделување на одобренија за користење на радиофрекфенции за петтата мобилна генерација 5Г. Рокот за доставување на понудите е 35 дена, а јавното отворање на понудите е закажано за 5 јануари во 10 часот. Одлуката за избор на понудувачи кои ќе учествуваат во предвидената постапка на јавно наддавање ќе се донесе во рок од седум дена од денот на јавното отворање на понудите.

Право на учество на јавниот тендерот има домашно и странско физичко или правно лице кое ќе ја подигне тендерската документација и кое ги исполнува условите: во последните пет години да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; да не е во постапка на стечај или постапка на ликвидација; да има платени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако не му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; и да не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност.

Понудувачот треба да даде писмена изјава дека ќе започне да ги користи радиофреквенциите определени во одобренијата за користење на радиофреквенции во рок од девет месеци од денот на важноста на одобрението.

Одобренијата за користење на радиофреквенции од одлуката на АЕК, A1, A2, A3, B1, B2 и В3 се издаваат за период од 15 години, а одобренијата В41, В44, В45 и В46 за период од шест години, со важност од денот на издавање на одобрението и со право на продолжување на важноста на одобрението на начин утврден во Законот за електронските комуникации.

Критериум за избор на најповолен понудувач за доделување на одобренија за користење на радиофреквенции од член 2 на оваа одлука е висината на еднократниот надоместок за добивање на одобренија за користење на радиофреквенции.

Најнискиот почетен износ на пазарната вредност на радиофреквенциите, како еднократен надоместок за добивање на одобрение за користење на радиофреквенции од член 2 на оваа одлука, за одобрението А1 изнесува 2.750.000 милиони евра; за одобренијата А2 и А3 изнесува 5.500.000 милиони евра по одобрение; за одобрението В1 изнесува 1.250.000 милиони евра; а за одобренијата В2 и В3 изнесува 2.500.000 милиони евра по одобрение. За  одобрението В41 изнесот е 11.670  евра; за одобренијата В44 и В45 изнесува 5.830 евра по одобрение, а за одобрението В46 изнесува 6.920 евра.

Владата на 9 ноември даде согласност за висината на еднократниот надомест и начинот на неговото плаќање, а одлуката беше објавена во службен весник.

Писма за интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофрекфенции за 5Г, по објавата на АЕК на 1 јуни годинава доставија компаниите „Неотел“, „Битстрим Мобиле“, „Македонски телеком“ и „А1 Македонија“.

Операторите што ќе добијат одобрение за национално покривање се должни со новоиздадените и постоечките одобренија за користење на радиофреквенции да обезбедат покриеност, согласно Националниот оперативен бродбенд план. Конкретно, до крајот на 2023 година најмалку еден град да биде покриен со 5Г сигнал, а до крајот на 2025 година, главните коридори согласно Договорот за основање на транспортна заедница на основната и сеопфатна патна мрежа во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г сигнал. До крајот на 2027 година сите градови во државата да бидат покриени со непрекинат 5Г сигнал, а до крајот на 2029 година, секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г со минимална брзина на пристап до интернет од најмалку 100 Mbps.

5Г АЕК Македонија Одобренија тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.