Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АФМ ги прогласи најдобрите атлетичари за 2018 година: Почестите за Ивановски и Ислами

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дарио Ивановски и Дрита Ислами се прогласени за најдобри атлетичари во сениорска конкуренција за 2018 година во изборот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Членот на атлетскиот клуб Работнички имаше плодна година на резултатски план. Победи на полумаратоните во Скопје и во Белград и стана регионален шампион. Мина прв низ целта во уличните трки „Трчаме кон целта“ и „Скопје ран“ на 10 километри.

Ивановски учествуваше на Светското првенство во сала во Бирмингам, постави рекорд на Балканското првенство во сала во Истанбул, трчаше во финалната трка на Медитеранските игри во Тарагона. Настапи на Европското првенство во Берлин во трката на 1.500 метри, а на Балканијадата во Стара Загора истрча време за нов државен рекорд на 3.000 метри. Од АФМ го посочуваат како најнадежниот атлетичар што Македонија го имала во последните неколку години и важи за сериозен кандидат за летните олимписки игри во Токио во 2020 година.

Изборот на Ислами, пак, од АФМ е образложен со нејзини „успешни настапи на Медитеранските игри во Тарагона, на Европското првенство во Берлин и на Балканското првенство во Стара Загора во трките на 400 метри со пречки“. Годината што изминува, за клупската колешка на Ивановски, е опишана како „континуитет на успешната 2017 година во која продолжила да се доближува до зацртаната цел – Токио 2020“.

Атлетската федерација на Македонија со гордост, и со право, ги истакна 11 државни рекорди што беа урнати во 2018 година од кои осум во сениорска конкуренција и три во помладите категории. Речиси половина од нив се дело на Адријана Поп Арсова од атлетскиот клуб Делта која трипати го поправаше најдоброто национално време во маратонските трки и сопственичка е на рекордите на 10 километри во две категории, но, се чини, недоволно да биде и лауреат на свеченоста.

Избор на АФМ на најдобрите во атлетскиот спорт во 2018 година

Сениор: Дарио Ивановски (АК Работнички)

Сениорка: Дрита Ислами (АК Работнички)

Младинец: Милан Вељковиќ (АК Куманово)

Младинка: Бесијана Мустафа (АК Лирија) и Ајше Халили (АК Студент)

Помлад младинец: Наско Стаменов

Помлада младинка: Јана Митовска (АК Работнички)

Пионер: Адријан Исмаили (АК Студент)

Пионерка: Гала Урдаревска (АК Работнички)

Помлад пионер: Владимир Битољану (АК Работнички)

Помлада пионерка: Сара Османовска (АК 7 мај)

Тренер на годината: Филип Колевски (АК Куманово) и Александар Војнеска Зикова (АК Работнички)

атлетика АФМ Дарио Ивановски Дрита Ислами Избор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.