Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги “најостро го осуди вчерашниот напад врз новинарската екипа на телевизија 24 Вести”.
Нападот врз медиумските професионалци е директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. Апелираме да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија, се вели во соопштението на Агенцијата.
Оваа Агенција е самостојна и независна институција која работи непрофитно и која има за задача да се грижи за заштита и развој на плурализмот на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, охрабрува и подржува постоење на разновидни, независни и самостојни аудио и аудиовизуелни медиуми.