Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Агенцијата за управување со одземен имот донира над 600 возила на државни институции

0
By Нова ТВ on May 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата за управување со одземен имот има донирано над 600 возила на државни институции во последните три години, за разлика од претходниците кои од 2009 година од формирање на Агенцијата, па сè до 2017 година, за вкупно осум години не донирале ниту 300 возила, објави денеска директорот Фатон Асани.

„Точно е дека премиерот се вози во возилото „Мерцедес“ S класа, одземено од криминален случај и дека Оливер Спасовски е единствен премиер во регионот кој се вози во одземено возило, додека други функционери од државите во регионот такво нешто не ни помислуваат“, објави на својот Фејсбук профил Фатон Асани, директор на Агенција за управување со одземен имот.

 

Асани нагласува дека и Зоран Заев, додека бил премиер, извесно време се возел во одземено возило, донирано од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

„Точно е дека и Управата за санкции раководена од Јовица Стојановиќ беше затекната во таква ситуација што немаа возило за да вршат спровод на затвореници на релација затвор – суд – затвор, па ние како Агенција со помош на Владата помогнавме и таму. Точно е и дека колку што се сеќавам на болницата во Кратово, покрај многу други болници, дониравме две возила, бидејќи, како што кажа директорката, пациентите во полесна и во потешка состојба се транспортирале во седечка положба“, објави Асани.

Директор на Агенција за управување со одземен имот, нагласува дека во најголем број возила се донираат во МВР, затоа што тие се грижат за нашата безбедност и треба да имаат возила, како и на противпожарни служби ширум државава, кои исто така се грижат за нашата безбедност и спасуваат животи.

„Донираме и на Дирекција за заштита и спасување кои исто така се грижат за нашата безбедност, а со ситуацијава со ковид-19 и докажаа во дебарскиот регион дека се на ниво на задачите. Со одлука на Влада имаме донирано возило на училиште за деца со посебни потреби, за да имаат кој да ги носи и враќа од училиште“, објави Асани.

агенција возила донации Одземен имот Фатон Асани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.