Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ахмети: Нови избори ако нема влада, а влада тешко без платформата

0
By Нова ТВ on January 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 10, 2017 21:58

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека без прифаќање на Платформата на албанските партии подобро е да има нови избори оти инаку тешко дека е можно да се формира влада. Ова го изјави вечерва во интервју за телевизијата „ТВ 21“ потенцирајќи дека од ова не би имало подобро решение доколку ниту една од преговарачките страни не ја прифати нивната платформа.

Зашто да не. Сигурно е дека неприфаќањето на платформата од кој било субјект, ќе ја однесе земјата кон нови избори.

И покрај инсистирањата на новинарот-водител да каже јасно дали им верува на ВМРО-ДПМНЕ дека тие би прифатиле било што од платформата, особено по изјавите на Груевски дадени за „Дневник“, Ахмети избегнуваше да ги обвини или критикува за било што досегашните коалициони партнери. Во тонот се обиде да даде привидна рамноправност во начинот на кој што ги третира ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ давајќи квалификации во духот на „и тие и тие исто толку не направија или направија за Албанците“, но сепак, кон  СДСМ беа упатени поостри пораки.

За повиците на СДСМ во кампањата за заедништво како и за изјавите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека двојазичноста е прифатлива за нивната коалциија, Ахмети рече дека тоа може да бидат и празни зборови. А истото го одговори и на прашањето дали верува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати вакви барања кога веќе еднаш кажа дека тоа нема да го направи.

Прашањето е колку докази дадовте. Работите се кажуваат за добивање на дневно политички поени и истите не се претставуваат во ниедна програма, агенда потпишана и печатена од органите.  Јас нема да бидам адвокат ниту на едниот ниту на другиот, не верувам во тоа што е кажано само за дневно политички цели. Јас ги познавам добро и двете страни и да бидам искрен со вас, тие воопшто не се разликуваат кога станува збор за третирање  на албанските прашања, рече тој.

Ахмети му порача директно на Груевски дека рокот да размисли за договор со нив е до 29 јануари и кажа дека единствено тој во ДУИ, согласно статутот, е надлежен да преговара со Груевски.

 

 

Али Ахмети ДУИ платформа на албанските партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.