Лидерот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска се сретнал со амбасадорот на Франција во Скопје, Кристијан Тимониер, соопштија од ДУИ.
Ахмети и Тимониер разговарал за ситуацијата во земјата и во регионот и за итната потреба за решавање на политичката криза.
„Ахмети го информираше амбасадорот на Франција дека побарал од релевантните парламентарски партии да го започнат дијалогот за цел да се постигне компромис и што побрзо да заврши конституирањето на Собранието, како почетна точка за решавање на кризата. Ахмети го информираше амбасадорот дека со заедничката декларација не се прекршува уставниот поредок или карактер и е во целосна согласност со Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија и претставува резиме на изборните програми на албанските парламентарни партии“, пишува во соопштението на партијата.
Како што велат од ДУИ, Ахмети повторил дека Иванов и другите политичари да не се осмелуваат политичката криза да ја претворат во етничка криза. Тој апелирал сите максимално да се воздржат од поттикнување на омраза меѓу двете етнички заедници.