Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АХВ: Превентивно затворена сендвичарница во скопски Аеродром

0
By Marija Todorovska on July 11, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 11, 2024 14:54

Сендвичарница во Аеродром е превентивно затворена по извршен инспекциски надзор, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство

По добиено  известување од ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, за сомнеж за можно труење, инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во координација и соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, вчера спровеле вонреден инспекциски надзор во сендвичарница во скопски Аеродром.

Основ за вонредната инспекциска контрола се пријавени девет случаи, од кои пет лица лабораториски потврдени со наод на Салмонела (Salmonella infection), три лица со гастроентероколитис (Gastroenterocolitis) и едно лице со Intoxicatio alimentaris (труење со храна).

При контролата констатирана е задоволителна санитарно – хигиенска состојба во објектот. Сосовите со мајонез и кечап, како и плескавици и пилешки стек се од сопствено производство кои се доставуваат до објектот со соодветно возило за транспорт, а редовно се воделе и записи за добра хигиенска и производствена пракса. Вработените лица утврдено е при вонредниот надзор, биле со уредни санитарни книшки.

За утврдување на причинителот на инфекциите, земени се пет мостри од храна и тоа мајонез, кечап, стек, плескавица и марула, четири бриса од работни површини и опрема, и три од вработените лица.

Издадено е решение за забрана за подготовка и послужување на храна се до добивање на негативни резултати, како превентива за можно ширење на заразата, спроведување на вонредни санитарни прегледи,темелно механичко и хемиско чистење.

АХВ информира и дека во координирана акција и соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), кај селото Мирковци, откриен е и спречен промет на свињи по потекло од Куманово. По  спроведената контрола од страна на инспектор  на АХВ, утврдено е дека свињите  по потекло од Куманово, не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација, не се пропратени со сертификат за здравствена состојба на животните и нивниот промет се врши спротивно на член 58 од Законот за ветеринарно здравство и Решението за заштитни и контролни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите.

Согласно одредбите од Законот за ветеринарно здравство, а во врска со наредените мерки за заштита и контрола на оваа болест, животните се одземени, убиени и нештетно отстранети на товар на сопственикот на животните. Против  сопственикот ќе биде поднесена соодветна прекршочна санкција.

аеродром АХВ сендвичара труење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.